Џонсон Контролс се подготвува за старт на производството во новата фабрика

Bez autora
Jul 31 2013

Слободната економска зона во Штип во која нов погон изгради американската автомобилска компанија "Џонсон Контролс", е отворена. Единствениот засега инвеститор во зоната чиј основач е државата е во фаза на префрлање на производството од погонот кој досега функционираше во индустриската зона Македонка во Штип и се очекува за неколку недели да започне со пробно производство. Од Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони (ТИРЗ) велат дека официјалниот старт на производството е планиран за две до три недели зависно од динамиката на завршување на финалните активности со воспоставување на производните линии во фабриката.

Џонсон Контролс се подготвува за старт на производството во новата фабрикаСлободната економска зона во Штип во која нов погон изгради американската автомобилска компанија "Џонсон Контролс", е отворена.

Единствениот засега инвеститор во зоната чиј основач е државата е во фаза на префрлање на производството од погонот кој досега функционираше во индустриската зона Македонка во Штип и се очекува за неколку недели да започне со пробно производство.

Од Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони (ТИРЗ) велат дека официјалниот старт на производството е планиран за две до три недели зависно од динамиката на завршување на финалните активности со воспоставување на производните линии во фабриката.

- Завршена е изградбата на фабриката на "Џонсон Контролс" и во моментов се префрла опремата и машините за производство - објаснува за Вечер, Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за зони. Според неговите очекувања, официјалното отворање на зоната, а со тоа и на фабриката на "Џонсон Контролс" би требало да се случи за две до три недели кога инвеститорот ќе биде целосно подготвен за почеток на производство во новиот производствен погон.

Втората фабрика во Македонија, американскиот автомобилски гигант во Македонија почна да ја гради во ноември 2011 година, а во меѓувреме во индустриската зона Македонка во Штип опреми еден погон во кој повеќе од една година произведува навлаки за автомобили, како привремено решение.

Новата фабрика која инвеститорот ја изгради во слободната зона се простира на површина од 12.500 квадратни метри, а се очекува во неа да работат вкупно 1.400 лица.

"Џонсон Контролс" во Македонија е присутен од декември 2007 година кога започна со комерцијално производство во својата фабрика во ТИРЗ Скопје 1 каде произведува компоненти за инструмент-табли за автомобилска индустрија. Четири години подоцна компанијата се одлучи да изгради втор производствен капацитет во Македонија, во која се произведуваат навлаки за автомобилски седишта, а како најдобра локација за тоа го избраа Штип кој е мека на текстилната индустрија во Македонија. Камен-темелникот на новата фабрика беше поставен во ноември 2011 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik